Рома се приклучи кон борба за титулата во Серија А, откако вечерва во последниот натпревар од 20. коло во Серија А ја победи Верона со 3-1. Римјаните цела работа ја завршија во девет минути во првото полувреме. Прво Манчини во 20. минута донесе предност од 1-0, а само две минути подоцна Мкхтаријан го удвои водството. На 3-0 зголеми Борха Мајорал во 29. минута.
Во вториот дел гостите успеаја само да го ублажат поразот со голот на Коли во 62. минута. Рома во моментов е на третата позиција на табелата со 40 бода, шест помалку од лидерот Милан. Верона останува деветта со 30 бода.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА