Никола Јокиќ го украде шоуто во победата на Денвер Нагетс над Јута Џез од 128-117. Србинот уфрли неверојатни 47поени, од кои 33 беа во првото полувреме, а дури 22 во првата четвртина.
Тој стана првиот кошаркар по Ален Ајверсон во 2007 година кој успеал во дресот на Денвер да погоди 33 поени за едно полувреме. А, интересно е тоа што негов чувар на натпреварот беше најплатениот центар во светот, Французинот, Руди Гобер кој не е омилен кај легендарниот Шекил О’Нил.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА