Навивачите бесни – Јувентус го спасува градскиот ривал?

 

Торино игра сезона за заборав, на 20 одиграни натпревари во првенството има скор од две победи, девет нерешени и девет изгубени дуели, па со 15 освоени бодови се наоѓа во „опасната“ зона на табелата. Раководството веќе го промени Марко Џампаоло, a „биковите“ за спас на сезоната ќе се осврнат кон градскиот ривал Јувентус.

Имено, „Старата дама“ даде дозвола Даниеле Ругани, кој е на позајмица во Рен по шест месеци да ја напушти Франција и да се врати во градот, но да го облече дресот на Торино. Покрај него во истата насокa се очекува да одат и талентираните Мандрагора и Кастањос.

Реакцијата на навивачите не е идеална, но секако дека позадоволни ќе бидат оние на Торино доколку тимот успеe да избори опстанок меѓу најдобрите екипи во Италија.

Се вчитува...