„Џеко доаѓа во Истанбул, ми кажа извор кој го потврди доаѓањето на Озил“

Репрезентативецот на Босна и Херцеговина, Един Џеко, е најспоменувато име во овој зимски трансфер период, а последниот клуб со кој се поврзува за продолжување на неговата кариера е клубот од Турција, Фенербахче. Џеко уште денес би можел да отпатува за Истанбул, а Синан Енгин, турски новинар, изјави дека сè е договорено, и дека остануваат само детали за Џеко да стане играч на турскиот гигант.

Един се поврзуваше со неколку клубови, а особена конкретна понуда имаше од Интер, но преговорите меѓу Рома и тој клуб пропаднаа. Зимскиот трансфер период завршува вечерва, па се очекува до крајот на денот, Џеко и официјално да замине од Рома.

„Извор кој го потврди доаѓањето на Озил и Џан, сега ми испрати порака и го потврди доаѓањето на Един во Истанбул“, ова го кажа Синан во ТВ-емисија.

Фановите на Фенербахче со ентузијазам ја дочекаа оваа изјава и се надеваат дека репрезентативецот на БиХ наскоро ќе пристигне во Турција.

Се вчитува...