Никола Јокиќ оваа сезона е топ тема во НБА лигата. Центарот на Денвер е еден од главните кандидати за освојување на наградата за најкорисен играч во лигата со просек од 26.8 поени, 11.8 скока и 8.6 асистенции, а Србинот добрата форма ја покажа и на вечерашниот дуел против Јута.
„Буцкото“ од Сомбор беше предводник на Денвер во убедливата победа, во која и го изедначи својот личен рекорд на постигнати поени откако натпреварот го заврши со 47 поени, 12 скока и 5 асистенции за 37 минути поминати на паркетот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА