По лошиот старт на сезоната Куманово полека фаќа учинок, во густиот распоред успеа да се наметне како еден од најдобрите состави во БИБЛ лигата, благодарение на новото засилување Отис Ливингстон кој со просек од 17.8 поени, 5.7 асистенции и 2.3 скока по меч се наметна како лидер на составот по пристигнувањето на почетокот на месецот.
Добрите игри на Американецот му го донесоа признанието за најдобар играч на месецот во БИБЛ лигата, а притоа бекот имаше голем придонес за трите победи во петте дуели во првиот месец од новата година, со што „сино-белите“ се пласираа во следната фаза од натпреварувањето.
View this post on Instagram
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА