Кошаркарите на Химки нема да можат да го играат мечот од 24. коло во Евролигата против Макаби Тел Авив, натпревар што е одложен поради пандемијата предизвикана од коронавирусот, објавија челниците на елитното европско. Мечот беше одложен поради ограничувања од израелските власти и ограничувања на патувањата, па рускиот евролигап не доби „зелено светло“ за влез во Израел.
Натпреварот беше закажан за четврток, 4 февруари, во Тел Авив, а Израелците решија да ги ограничат авионските летови поради препораките на здравствената комисија.
Според важечките правила, секој натпревар може да се одложи и да се премести до три пати, под услов да се обезбедат соодветни и отворени термини за негово доигрување. Евролигата ќе се координира со клубовите во врска со новиот датум и местото каде ќе се одиграат вонредните натпревари, а официјално ќе ја објави одлуката кога ќе се постигне договор.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА