Од „старата дама“ во Торино до „старата дама“ на Берлин. Така Херта го претстави второто засилување на крајот од преодниот рок. Неколку минути откако го потврди доаѓањето на Немања Радоњиќ од Марсеј на позајмица до крајот на сезоната, германскиот клуб го ангажираше и Сами Кедира. Поранешниот германски репрезентативец пристигна на Олимпискиот стадион како слободен играч, откако го раскина договорот со Јувентус на пет месеци пред крајот на истиот. Бидејќи на Италијанците повеќе не им беше потребен, а тренерот Андреа Пирло не сметаше на него, разделбата беше спогодбена.
Оваа сезона Јуве дури не му даде лиценца, во претходниот натпреварувачки циклус тој имаше одиграно само 12 првенствени натпревари, го мачеа повредите, но сепак е класа играч. Сами освои трофеи не само со Јувентус, туку и со Реал Мадрид, Штутгарт, но и со репрезентацијата на Германија.
Тој потпиша договор до летото 2023 година и ќе го носи дресот со број 28.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

