Децата на Венгер го напуштија „Емирати“

Последниот ден од трансфер периодот Арсенал го искористи да го ослободи составот во пресрет на вториот дел од сезоната. По заминувањето на Мустафи во редовите на Шалке, „Етихад“ го напуштија и „пулените“ на Арсен Венгер, Ејнсли Мејтланд-Најлс и Џо Волок, кои не успеаа да се наметнат ниту во ерите на Унаи Емери и Микел Артета.

Мејталнд-Најлс заминува на позајмица во ВБА до крајот на сезоната и покрај тоа што за услугите на младиот Англичанец беа заинтересирани Соутемптон и Лестер. Пресудно за овој потег на лондонскиот состав беше амбицијата на клубот на Сем Алардајс кој до крајот на сезоната ќе се бори за опстанок, за разлика од конкурентите за излез во Европа.

Исто како и Мејтланд-Најлс, и Џо Вилок заминува на позајмица до крајот на сезоната, но во редовите на КПР со цел да добие минутажа, која што не можеше да ја искорсити покрај Емил Смит-Роу, а со доведувањето на Мартин Одегард, младиот играч за врска стана прекуброен.

Се вчитува...