Резултатската криза на Далас уште повеќе се продлабочи откако оваа екипа загуби на домашен терен од Феникс со 108-109, шести пораз во низа од тимот предводен од Лука Дончиќ. Дуелот во Далас беше израмнет до самиот финиш, а клучен момент беше тројката на Девин Букер на нешто повеќе од една секунда до крајот. Домаќините имаа можност да триумфираат, но обидот на Дончиќ со звукот на сирената не беше прекинат, па со самото тоа продолжи и „црната серија“ на Далас.
Крис Пол беше главна фигура во победничкиот тим со 34 поени, 9 скокови и 9 асистенции, додека во домашниот состав Дончиќ го заврши мечот со 25 поени и осум асистенции.
Ентони Дејвис со 25 поени го предводеше тимот на ЛА Лејкерс до триумф на гостувањето против Атланта (99-107). Леброн Џејмс реализираше 21 поен и 9 асистенции, а значаен придонес во победата даде и Харел, постигнувајќи 19 поени.
Милвоки го демолираше Портланд со 134-106, пред се благодарение на фуриозното прво полувреме што домашниот состав го доби со 79-56. Удобната предност му овозможи на тренерот Милвоки да ја намали минутажата кај клучните играчи, па така Адетокумбо реализираше 18 поени и беше трет стрелец во својот тим, зад Холидеј со 22 и Портис со 21 поен.
Мемфис ја забележа и седмата победа во низа со убедливиот триумф од 102-133 во Сан Антонио, а најнеизвесно беше во Мајами, каде домашниот тим загуби по продолжение од Шарлот со 121-129.
Резултати НБА:
Атланта – ЛА Лејкерс 99-107, Мајами – Шарлот 121-129 (по прод.), Чикаго – Њујорк 110-102, Кливленд – Минесота 100-98, Милвоки – Портланд 134-106, Њу Орлеанс – Сакраменто 109-118, Оклахома – Хјустон 106-136, Далас – Феникс 108-109, Сан Антонио – Мемфис 102-133.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

