Бизарна ситуација се случи на мечот меѓу Атланта Хоукс и Лос Анџелес Лејкерс кој шампионот го доби со 99-107. Навивачката на Хоукс, Јулијана Карлос му се закануваше на Леброн Џејмс. Леброн Џејмс и возврати со зборовите „пијана си“, по што мораше да интервенира и обезбедувањето во салата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

