Кој ќе се радува на крајот: Интер сака реприза, а Јуве одмазда

Фудбалерите на Интер и Јувентус вечерва среќаваат во полуфиналето на Купот на Италија, нов дуел на големите ривали откако „нероаѕурите“ неодамна во рамките од Серија А лесно ја совладаа „старата дама“ со 2-0.

И двата тима ќе бидат ослабени со неиграњето на неколку играчи, но и покрај тоа, многумина очекуваат спектакл во Милано. Антонио Конте не може да смета на суспендираните Ромелу Лукаку и Ашраф Хакими вечерва, додека Пауло Дибала и Арон Рамзи нема да се појават во таборот на „старата дама“.

„Научивме многу од тој последен пораз, увидовме дека мораме да бидеме сконцентрирани 90 минути, во спротивно нема да личиме на Јувентус. Свесни сме за квалитетите на Интер, цврсти се во одбраната и опасни во контранападите, затоа ќе мораме да бидеме максимално фокусирани. Задоволен сум од нашиот пристап на последните натпревари, оваа група играчи има амбиција константно да победува, што е клучна работа во голем клуб како Јувентус“, изјави тренерот на Јувентус, Андреа Пирло.

НАЈАВЕНИ СОСТАВИ

Интер: Ханданович, Шкриниар, Де Фрај, Бастони, Дармијан, Барела, Брозовиќ, Видал, Јанг, Лаутаро, Алексис Санчез.

Јувентус: Буфон, Данило, Бонучи, Де Лихт, Алекс Сандро, Квадрадо, Бентанкур, Артур, Мекини, Кулушевски, Роналдо.

Се вчитува...