Роналдо донесе пресврт: Јуве води, во Интер бесни за пеналот (видео)

Јувентус има предност од 1-2 по стартните 45 минути од првиот полуфинален дуел од Купот на Италија против Интер, благодарение на двата гола што ги постигна Кристијано Роналдо. „Нероаѕурите“ се бесни на арбитрите поради досудениот пенал при израмнувачкиот погодок, кога по ВАР-реакцијата беше оценето дека стартот на Јанг врз Квадрадо е доволен за да се покаже на белата точка.

Интер прв поведе преку Лаутаро Мартинез по слабата интервенција на Буфон, а Јуве израмни со пеналот на Роналдо, откако беше покажано на белата точка иако обидот за центаршут на Бернардески до Квадрадо беше крајно непрецизен.

Десетина минути подоцна, шок за домаќините откако по катастрофалната грешка на одбраната и голманот Ханданович, Роналдо украде топка на дваесетина метри и ја смести во празната мрежа.

Се вчитува...