Класата е вечна – како Буфон го спаси Јуве во Милано (видео)

Џанлуиџи Буфон’имаше слаба интервенција при водечкиот гол на Лаутаро Мартинез, но искусниот голман се извади со клучната одбрана на натпреварот, кога успеа да го запре обидот на Дармијан од непосредна близина.

Интер одработи одлична акција, Алексис го проигра во простор Дармијан, а левиот бек силно шутираше, но Буфон потсети на најдобрите денови, со извонредна интервенција чувајќи ја предноста на Јуве на „Џузепе Меаца“.

Погледнете ја оваа маестрална интервенција на 43-годишниот ветеран…

Се вчитува...