Црвен картон, па гол-шоу на „Олд Трафорд“ – Јунајтед го демолираше Саутемптон

Манчестер Јунајтед го демолираше Саутемптон со неверојатни 9-0 во меч што беше решен веќе во 2. минута, кога гостите останаа со фудбалер помалку на теренот по црвениот картон на Јанкевич, апсолутно заслужен за бруталниот старт врз Мектоминеј.

Предноста од играч повеќе беше претворена во убедливо водство од 4-0 уште во првото полувреме, десниот бек Ван Бисака го отвори резултатот, на 2-0 зголеми Рашфорд, а по него стрелци беа и Беднарек (автогол) и Кавани. Во второто полувреме најпрвин со катастрофална ВАР-одлука беше поништен почесен погодок на Саутемптон, а потоа Јунајтед постигна уште пет гола, преку Марсијал (два), Мектоминеј, Бруно Фернандеш и Џејмс.

При седмиот погодок на Фернандеш од пенал гостите останаа и со уште еден играч помалку, откако судијата Мајк Дин го исклучи Беднарек за минимален контакт во шеснаесетникот со Марсијал.

Се вчитува...