Бруклин Нетс триумфираа во дербито на вечерта во НБА лигата против Лос Анџелес Клиперс со 124-120. Големата тројка на „нетс“, Кевин Дурант, Кајрин Ирвинк и Џејмс Харден заедно постигнаа 90 поени. Најефикасен беше Ирвинг со 39, Дурант додаде 28, а Харден заврши со 23. Кај Клиперс Кавај Ленард со 33 беше најефикасен, а Пол Џорџ доаде 26.
Бостон Селтикс во интересен натпревар славеше на гостувањето кај Голден Стејт Вориорс со 107-111. Џејсон Тејтум со 27 поени беше прво име кај победникот, додека кај Вориорс залудни беа 38 поени на Стеф Кари.
Во останатите мечеви од синоќешната понуда, Орландо – Торонто 108-123, Индијана – Мемфис 134-116, Вашингтон – Портланд 121-132, Јута – Детроит 117-105.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

