Сите рекорди на Јунајтед во голеадата со Саутемптон (ВИДЕО)

Манчестер јунајтед го декласираше Саутемптон со 9-0 во натпревар од 22. коло во Премиер-лигата. „Црвените-ѓаволи“ со овој триумф влегоа во историјата на англискиот шампионат. Тие се единствениот тим кој двапати успеал да победи со девет гола разлика. Прво против Ипсвич во 1995 година, а покај Јунајтед девет гола успеа да постигне и Лестер исто така против Саутемптон во 2019 година.

Дури седум играчи на јунајтед успеаја да постигнат гол што исто така е рекорд во Премиер-лигата, а истот така Јунајтед сезонава против „светците“ на два натпревари постигна 12 гола со што се израмни со рекордите на Блекбурн со Нотингем Форест, Тотенхем против Виган и Сити против Ватфорд.

 

 

Се вчитува...