Бруно со порака до Ристовски – Ти си цар кој заслужува нова шанса … Твоите успеси секогаш ќе бидат и мои

Фудбалскиот репрезентативец на Македонија, Стефан Ристовски официјално е член на хрватскиот Динамо Загреб кој за еден милон евра го доведе од редовите на Спортинг Лисабон. Ристовски сезонава беше во немилост на тренерот на клубот од Лисабон, Рубен Аморим кој го префрли во вториот тим.

Ристовски по потписот со Загреб се заблагодари на Спортинг Лисабон и целиот град, на што доби коментар и од асот на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш.

„Жалам што твојата авантура завршува на ваков начин со клубот каде секогаш даваше се, каде секој пат ги почитуваше вредностите кои ги бара клуб како Спортинг – напорна работа, чесност и секогаш подготвен за другите. Секогаш беше цар и заслужуваш нова шанса за да ги демонстрираш твоите квалитети. Твоите успеси ќе бидат и мои“, напиша Бруно Фернандеш. 

Исто така и од Спортинг Лисабон му се заблагодарија на Ристовски за изминатите години.

 

Се вчитува...