Ренова во финишот се спасуваше од пораз на тестот со Охрид (ФОТО)

Фудбалерите на Ренова одиграа натпревар без победник (2-2) на тестот против второлигашот Охрид кој се одигра на стадионот на СЦ „Билјанини извори“.

„Гипсарите“ се спасија од пораз со голот на Рамадани во 82. минута од средбата.

Претходно, Јашароски ја доведе Ренова до предност уште во 8. минута, но со одлична игра охриѓани стигнаа до пресврт од 1-2 со головите на Шериф Реџепи и младиот Атдхе Мазари.

Охридскиот второлигаш одигра одличен натпревар, создавајќи уште неколку шанси за погодок но останаа нереализирани.

Се вчитува...