Изминатата вечер во НБА лигата ја одбележа кошаркарот на Торонто, Фред ван Влит кој во победата на својот тим над Орландо постави нов поентерски рекорд на клубот, откако натпреварот го заврши со 54 поени со фантастична реализација зад линијата за три поени каде погоди 11 од 14 обиди.
Во чест на новиот поентерски рекорд на Торонто, во продолжение можете да ги погледнете сите клупски рекорди, а она што е интересно е дека дури осум од нив доаѓаат од кошаркари кои беа дел од „дрим-тимот“ на САД во 2012 годината.
Милвсоки Бакс – Мајкл Рид (57 поени против Јута во 2006 година)
Чикаго Булс – Мајкл Џордан (69 поени против Кливленд до 1990 година)
Кливленд Кавалирс – Леброн Џејмс (57 поени против Вашингтон во 2017 година) и Кајри Ирвинг (57 против Сан Антионио во 2015 година)
Бостон Селтикс – Лери Бирд (60 поени против Атланта во 1985 година)
Бафало Брејвс/Лос Анџелес Клиперс – Боб Мекадо (52 поени против Суперсоникс и Селтикс во 1976 и 1974) и Чарлс Смит (52 поени против Нагетс во 1990 година)
Далас Маверикс – Дирк Новицки (53 поени против Рокетс во 2004 година)
Мемфис Гризлис – Мајк Милер (45 поени против Вориорс во 2007 година)
Атланта Хокс – Доминик Вилкинс (57 поени против Чикаго во 1986 година), Боб Петит (57 против Детроит во 1961 година), Лу Хадсон (57 поени против Булс во 1969)
Шарлот Хорнетс – Кемба Вокер (60 поени против Филаделфија во 2018 година)
Индијана Пејсерс – Реџи Милер (57 поени против Шарлот во 1992 година)
Њујорк Никс – Кармело Ентони (62 поени против Шарлот во 2014 година)
Лос Анџелес Лејкерс – Коби Брајант (81 поен против Торонто во 2006 година)
Орландо Меџик – Трејси МекГрејди (62 поени против Вашингтон во 2004 година)
Мајами Хит – Леброн Џејмс (61 поен против Шарлот Бобкетс во 2014 година)
Минесота Тимбервулвс – Карл-Ентони Таунс (56 поени против Атланта во 2018 година)
Бруклин Нетс – Дерон Вилијамс (57 поени против Шарлот Бобкетс во 2012 година)
Денвер Нагетс – Дејвид Томпсон (73 поени против Детроит во 1978 година)
Њу Орлеанс Пеликанс – Ентони Дејвис (59 поени против Детроит во 2016 година)
Детроит Пистонс – Џери Стекхаус (57 поени против Чикаго во 2001 година)
Портланд Треил Блејзерс – Дамиен Лилард (61 поен против Голден Стејт во 2020 година)
Хјустон Рокетс – Џејмс Харден (61 поен против Њујорк Никс и Сан Антонио во 2019 година)
Филаделфија/Голден Стејт Вориорс – Вил Чемберлин (100 поени против Њујорк Никс во 1962 година)
Сан Антонио Спарс – Дејвид Робинсон (71 поен против Клиперс во 1994 година)
Феникс Санс – Девин Букер (70 поени против Бостон во 2017 година)
Сиетел Суперсоникс/Оклахома Сити Тандер – Расел Вестбрук (58 поени против Портланд во 2017 година) и Фред Браун (57 поени против Вориорс во 1974 година)
Сакраменто Кингс – Џек Тиман (59 поени против Лејкерс во 1960 година)
Јута Џез – Пит Маравич (68 поени против Никс во 1968 година)
Филаделфија 76 – Вилт Чемберлин (68 поени против Чикаго во 1967 година)
Вашингтон Визардс – Гилберт Аренас (60 поени против Лејкерс во 2006 година)
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

