Реми на Пелистер и Работнички во Струга

Македонските прволигаши Пелистер и Работнички одиграа без победник 1-1 во контролната средба која се одигра во Струга. Во првиот дел, убава можност за Работнички имаше Ристовски, но не успеа да реализира, а Михаил Талевски на спротивната страна ја погоди гредата.

Во второто полувреме беше досуден пенал за Пелистер, а успешен реализатор беше Борче Маневски во 63.минута. Работнички имаше убави можности за израмнување преку Ристовски и Марио Станковски. Пред крајот стигна израмнувањето преку Петар Петковски. На асистенција на Кристијан Стојкоски, крилниот напаѓач успеа да ја затресе мрежата на Пелистер во 85.минута.

Се вчитува...