Никола Јокиќ игра фантастична сезона во НБА лигата и еден од кандидатите за освојување на МВП наградата. Својата доминација ја докажа и на дуелот против Јута Џез, на кој го изедначи личниот рекорд на постигнати поени на еден натпревар откако дуелот против Руди Гобер го заврши со 47 поени, 12 скока и 5 асистенции.
По дуелот српскиот интернационалец доби поддршка и од поранешниот НБА шампион и вториот пик на драфтот во 2003 година, Дарко Миличиќ, кој во интервју за „24 седум“ изјави дека доколку Французиниот вреди 205 милиони евра, центарот на Нагетс треба да заработи половина милијарда.
„Морате да сфатите дека парите се основата на постоењето на НБА лигата. Доколку Гобер вреди толку многу пари, тогаш нашиот Јокиќ треба да потпише договор за 500 милиони долари. Толку е подобар од Руди. Многу сум среќен за него и знам дека ја обожава кошарката. Тој е посветен и можете да видите дека е многу поразличен играч од другите НБА ѕвезди. На крајот се се врти околу Никола и трудот кој го вложува, а многу ме радува кога ќе го видам колку е скромен, парите за него не се приоритет“ – изјави Миличиќ.
Европските ѕвезди кои играле во НБА лигата во минатото се огорчени од денешницата. За тоа говореше и Дино Раџа, а сега проговоре и поранешниот играч на Детроит, Орландо, Мемфис, Никс, Минесота и Бостон…
„За НБА, маркетингот отсекогаш беше во преден план, а за лигата да направи шоу од тоа колку што може. Цифрите кои се вратат денеска се нереални. Да, многу е потрошено и мора да се врати, но да дадете толку пари на еден играч е тотално лудо. Ми се гади кога ќе видам дека еден натпревар ќе заврши со 300 поени. Па што ли правеле на паркетот? Многу од играчите не се враќаат во одбрана, „кампуваат“ во нападот и се грижат само за тоа. За мене, тоа е катастрофа. Да бидам искрен, не можам ни да гледам таква кошарка. Знам дека НБА лигата сака такви натпревари, но ја губи секоја смисла. „Ран анд ган“ и што друго. Тоа не е поентата, бар од моја гледна топчка“ – додаде Србинот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

