Борче Христов е нов тренер на Борец

Искусниот македонски стратег Борче Христов е нов тренер на велешки Борец, по повлекувањето на досегашниот шеф на стручен штаб, Горазд Михаилов.

Борец со сериозни измени во тимот ќе ја очекува пролетната полусезона по повлекувањето на досегашниот финансиер Кочо Анѓушев. Христов го очекува тешка задача ако се знае дека добар дел фудбалери, со слободни документи, го напуштија клубот.

Христов претходно во тренерската кариера ги водеше и Македонија ЃП, Цементарница 55, Еуромилк ГЛ, а беше е генерален менаџер на академијата на азербејџански Карабах.

Се вчитува...