Македонскиот прволигаш Куманово со победа над Берое од 93-80 ја заврши првата фаза од годинашното издание во БИБЛ лигата. Кумановчани уште од самиот старт на натпреварот го контролираа резултатот и во ниту еден момент на бугарскиот тим не му дозволија да се понадева дека може да се врати во игра.
Двата македонски претставници Куманово и ТФТ обезбедија пласман во втората фаза во која покрај нив ќе учествуваат и Академик-Пловдив и Берое-Стара Загора од Бугарија, односно Хапоел Холон и Хапоел Гилбоа Галил од Израел. Тимовите ќе бидат поделени во две групи, „Ф“, и „Г“ и тоа еден тим од израелската и два од балканската зона. Ќе се игра по двокружен систем „секој со секого“ што значи дека секоја екипа ќе одигра по четири меча, два на домашен и два на гостински терен.
Нашите екипи не можат да бидат во иста група во втората фаза бидејќи, како најслабопласирани во првиот дел, ќе се најдат во последниот „шешир“. Во првиот се Хапоел Холон и Хапоел Галил Гилбоа, а во вториот Академик Пловдив и Берое. Втората фаза од БИБЛ лигата ќе почне на 9. односно 10. февруари. Планирано е да трае до крајот на март, а евентуално одложените мечеви од овој втор дел ќе се доигруваат на 6, односно 7.април.
Завршниот „Фајнал-фор“ турнир е предвидено да се игра во периодот од 16.до18.април. Домаќинот ќе бид еодреден по завршивањето на шесте кола од вториот дел од регионалното натпреварување.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА