Куп на Германија: Продолжува агонијата на Шалке, лесна победа на Лајпциг (ВИДЕО)

Ред Бул Лајпциг стигна до лесна победа од 4-0 над Бохум во осминафиналето на Купот на Германија. Стрелци за Лајпциг во победата беа Хајдара, Сабицер и на два пати Поулсен.

Агонијата на Шалке продолжува и во националниот куп, каде тимот од Гелзенкирхен е елиминиран од Волфзбург кој беше подобар со 1-0. Клучниот момент на натпреварот се случи во 40. минута кога Вегорст му донесе четвртфинале на Волфзбург.

 

 

Се вчитува...