Алиоски и Лидс поразени од Евертон (ВИДЕО)

Езгјан Алиоски и Лидс загубија на домашен терен со 1-2 од Евертон во 22. коло во англиската Премиер-лига. Гостите поведоа со 0-1 преку Сигурдсон во 9. минута, а на 0-2 зголеми Калверт Луин во 41. Во второто полувреме домаќините успеаја само да го ублажат поразот преку Рафиња во 48. минута.

Македонскиот интернационалец беше заменет во 78. минута од натпреварот. И покрај поразот Лидс останува на 11. позиција на првенствената табела со 29 бода, додека Евертон сега е 5. со 36 бода.

 

 

Се вчитува...