Брајтон го шокираше Ливерпул, совладувајќи го со 0-1 во натпревар од 22. коло во англиската Премиер-лига. Клучниот момент се случи во 56. минута кога Алзате постигна гол златно вредни три бода во борбата за опстанок. Ливерпул и покрај поразот останува на 4. позиција на првенствената табела со 40 бода, односно седум помалку од лидерот Сити со кого игра во следното коло. Брајтон сега е 15. со 24 бода.
Вест Хем триумфираше на гостувањето кај Астон Вила со 1-3, а херој за „чеканите“ беше новата аквизиција Џеси Лингард кој постигна два гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

