Лесен триумф на Милвоки, Дончиќ повеќе од расположен (ВИДЕО)

Милвоки без поголеми проблеми славеше против Индијана со 130-110 во еден од најинтересните натпревари од синоќешната програма во НБА лигата.

Домашните до победата ги водеше Јанис Адедокумбо со „трипл-дабл“ од 21 поен, 14 скока и 10 асистенции за 30 минути на паркетот. На спротивната страна Домантас Сабонис имаше 33 поени и 12 скока.

ЛА Клиперс лесно дојдоа до победа на гостувањето против Кливленд со 121-99. Пол Џорџ ги предводеше Клиперс со 36 поени, Каваи Леонард дополни со 24 поени, а кај Кливленд се издвои Колин Секстон со 27 поени.

Далас на гостински терен триумфираше против Атланта со 116-122. Лука Дончиќ имаше одлична вечер со 27 поени, 14 асистенции и осум скока, а Кристапс Порзингис запиша 24 поени, со 11 скока.

Џон Колинс со 35 поени и 12 скока беше недоволен за Атланта.

Се вчитува...