Работнички за пролетниот дел од сезоната се засилува и со досегашниот дефанзивец на Борец, Никола Ристески кој веќе се договори со раководството на „романтичарите“.
Ристески како слободен фудбалер доаѓа во редовите на Работнички, приклучувајќи му се на офанзивецот Никола Прелчец кој исто така ги напушти велешките редови.
Ристески, кој потекнува од младинската школа на Вардар, претходно во кариерата настапуваше и за Македонија ЃП, Кожуф и Кит Го.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

