Јувентус му понуди нов договор на Роналдо

Раководството на Јувентус му нуди на Кристијано Роналдо нов договор до јуни 2023 година, една година подолг од актуелниот, тврди „Тутоспорт“.

Актуелниот договор на Португалецот му завршува во јуни 2022 година, а иако утре полни 36 години Јувентус сака да го задржи најмалку до јуни 2023 година.

Одлуката секако ќе ја донесе самиот Кристијано кој во Торино годишно заработува околу 30 милиони евра. Сезонава португалскиот репрезентативец одигра 23 натпревари во сите натпреварувања, постигнувајќи 22 гола и плус и со три асистенции. Роналдо досега има вкупно 113 настапи во црно-белиот дрес и постигнати 87 гола.

Се вчитува...