Одличниот ММА борец, Мераб Двалишвили, објави видео во кое направи голема глупост. Тој тренираше покрај замрзнато езеро, а потоа реши да се соблече и да скокне внатре! Овој потег беше „судбоносен“, зошто тој мислеше дека водата е покриена само со снег, но беше измамен и сериозно се повреди, па му раскрвави целата глава.
Голем број на спортисти практикуваат во програмата на своите тренинзи да вклучат и вежби во студена вода, но овој избор на Мераб се покажа премногу лош и фатален.
“Мислев дека ќе имам одличен ден за обука и трчање во природа. Потоа видов езерце за кое мислев дека е покриено со снег. Но, се покажа дека е замрзнато, а имаше и гранки. Штом паднав, се чувствував како да ми паѓа кожата. Сега сè е во ред “, напиша Дваливиши, кој на својот Инстаграм профил сподели видео од неуспешниот скок.
Двалишвили има учинок 12-4 во својата ММА кариера, а откако пристигна во УФЦ забележа пет победи и два порази. Последен пат се бореше во август кога го победи Џон Додсон, а неговиот следен натпревар беше откажан, бидејќи Коди Стаман го повреди грбот.
За негова среќа, повредите по скокот не се посериозни, па по кратка психолошка рехабилитација, повторно ќе може да ги продолжи своите тренинзи.
View this post on Instagram
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

