Беласица официјално ги промовираше српските засилувања (ФОТО)

Македонскиот прволигаш Беласица ги претстави засилувањата за пролетниот дел од сезоната каде главна цел за струмичкиот тим ќе биде опстанок во елитното натпреварување.
Александар Вулиќ, Миленко Мијатовиќ, Страхиња Шево и Дамир Аврамовиќ се новите засилувања за пролетниот дел, а сите четворица фудбалери доаѓаат од редовите на српскиот прволигаш ФК Инџија.
Покрај овие засилувања во таборот на Беласица во зимскиот преоден рок, заедно со новиот шеф на стручен штаб Ѓоре Јовановски, пристигнаа и Оливер Пеев од Борец, како и Бенјамин Демир.

Се вчитува...