Двата натпревари во осминафиналето од Лигата на шампионите меѓу Лајпциг и Ливерпул би можеле да се играат во Англија. Германскиот клуб се уште чека одлука од властите околу тоа дали ќе му дозволат на тимот на Јирген Клоп влез во земјата и покрај забраните за летови од Англија во Германија кои се на сила до 17. февруари.
Во исто време во Лајпциг подготвуваат резервна варијанта која вклучува можност првиот меч да го играат на некој од стадионите во Лондон. Според британските медиуми останува како опција првиот натпревар да биде во Ливерпул, а евентуалниот реванш во Лајпциг, како и осминафиналето на крајот да се сведе на само еден меч.
Првиот натпревар меѓу Лајпциг и Ливерпул е закажан за 16. февруари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

