Надал се уште неизвесен за Австралија опен – „Не сум ниту добро, не сум ниту лошо“

Рафаел Надал се уште има проблеми со грбот и е под знак прашалник неговиот настап на првиот грандслем во сезоната, Австралија Опен. Вели дека се уште не е физички подготвен и не знае дали ќе може да учествува на турнирот во Мелбурн.

„Не е дека сум многу лошо, но не сум ни доволно добро да играм. Малку сум подобро, но се уште не сум сто отстотно подготвен. Искрено да зборам никогаш не сум бил опседната со освојување грандслам трофеи. Ако бидам подготвен ќе игра, сепак здравјето ми е на прво место“, изјави популарниот Рафа. 

Австралија опен е единствениот грандслем трофеј кој Шпанецот во кариерата го има освоено само еднаш и тоа во 2009 година кога во финалето славеше над Роџер Федерер.

Се вчитува...