Александар Коларов ја грее клупата во Интер, но затоа ги освојува насловните страници во таблоидите со бурниот љубовен живот. Тој неодамна се разведе од сопругата и влезе во врска со италијанската манекенка, „секс-бомбата“ Кристина Бучино, но тој „пламен“ набрзо згасна.
Дефанзивецот не чекаше премногу за нова врска, па од неодамна крај себе ја има Франческа Фиорети. Името само по себе не значи многу, но за италијанската јавност е многу интересно бидејќи Фиорети е вдовица на поранешниот италијански репрезентативец Давиде Астори, кој почина пред две години од срцев удар.
Во медиумите веќе се појавија и заеднички фотографии на Фиорети со асот на Интер, како и нејзина изјава: Со Коларов повторно ја пронајдов среќата.
View this post on Instagram
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА