Ракометарите на Охрид претрпеа уште еден пораз на контролните натпревари со битолчани, овојпат губејќи и на мечот со Еурофарм Пелистер 2, со минимални 22-21.
Натпреварот го одбележа цврста игра на одбраните на двете страни, при што Охрид беше подобар противник во првото полувреме и на одмор замина со водство од 8-10. Вториот дел мина во израмнета игра, а човек на одлука беше домашниот бек Стефан Талевски, кој постигна неколку важни погодоци во серија, вклучувајќи го и оној последниот за конечните 22-21. Охриѓани имаа шанса за израмнување, но Блажески не успеа да реализира, па избраниците на Стојановиќ не успеаја да стигнат ниту до реми на овој натпревар.
Талевски со шест гола беше најефикасен кај „фармацевтите“, четири постигна Петровиќ, додека кај Охрид најефикасен беше Блажески со пет погодоци, а добро издание имаше и голманот Даниловски со десет успешни интервенции.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА