Данците поради пандемијата на коронавирус не можеа со навивачите да ја прослават втората последователна титула на Светското првенство, а малиот дочек за селекторот Николај Јакобсен во неговиот роден град, Туру заврши со пријава во полиција за прекршување на ковид правилата.
Имено, Јакобсен го пречекале неколку стотини сограѓани кои успехот на Мундијалот сакале да му го честитаат со факели, но целата ситуација завршија со пријава во полиција откако совесен граѓанин сметал дека претставува прекршување на протоколите.
„Кога ќе ги погледнете фотографиите, се гледа дека луѓето стојат преблиску еден до друг, а многу не користат ни заштитни маски. Постојат граници на глупоста“ – се пожалил незадоволниот граѓанин на Туру, инсистирајќи на анонимност.
За целата ситуација проговоре и самиот Јакобсен, кој уживал во гестот, но жали за пријавата…
„Тоа беше фантастичен дочек, воопшто не го очекував. Мислам дека беше одличен гест, но штета за полициската пријава. Непријатно ми е за тоа. Видов дека луѓето се држат на дистанца. Секако, секогаш можете да најдете две фотографии на кои изгледа спротивно“ – реагираше селекторот за данската телевизија „ТВ2“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА