Познат ждребот за Австралија опен – Ѓоковиќ против Французин, Надал со Србин во првото коло

Доцна синоќа по централно европско време во Мелбурн е одржан ждребот за првиот грандслам турнир во сезоната, Австралија опен. Актуелниот бранител на трофејот и најдобар тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ во првото коло ќе се сретне со Французинот Жереми Шарди, кој своевремено беше најдобар јуниор во светот, но не ги оправда очекувањата кои ги имаше тениската јавност од него. На страната на Новак Ѓоковиќ, уште се наоѓаат ланскиот финалист, Доминик Тим, Германецот, Александар Зверев, Стен Вавринка, Григор Димитров, Диего Шварцман …

Рафаел Надал годинашното издание на Австралија опен ќе го отвори против Србино, Ласло Џере. Надал на патот до финалето и нов дуел со Новак Ѓоковиќ ќе ги има, Стефанос Циципас од Грција, Русите, Карен Хачанов и Андреј Рубљов, како и Италијанците Матео Беретини и Фабио Фоњини.

Во женска категорија Серена Вилијамс нападот на рекордната 24-грандслам титула ќе ја стартува со секогаш незгодната Германка, Лаура Зигемунд. Ланската шампионка Софија Кенин ќе игра против домашната тенисерка Медисон Инглис. Најдобрата во светот Ешли Барти ќе се сретне со Данка Ковиниќ од Црна Гора, додека Симона Халеп за противник ќе ја има Лизет Кабрера од Австралија.

Австралија опен почнува во понеделник и ќе трае до 21. февруари.

Се вчитува...