Пелистер утре на гостински терен против Загреб ќе го одигра вториот натпревар во годинашната сезона во СЕХА лигата. Тренерот на битолчани, Жељко Бабиќ вели дека неговите ракометари треба да уживаат во натпреварот против Загреб.
„Мотивациски е добро што ќе играме против ППД Загреб. Играме против одличен тим, добро воден и со одличен тренер. Игравме пред неколку дена пријателски натпревар, па и овојпат треба да уживаме. Во перспектива и за натпреварите против Татабања, овој дуел многу ќе ни значи. Од една моја тренерска перспектива се работи за екипи со приближен квалитет, но со различни карактеристики. Се радувам што ќе играме, што почна СЕХА лигата и, иако има многу натпревари, верувам дека тоа е добро. Ни дава убавина од спортска гледна точка, без разлика на победа и на пораз. Што се однесува до подготовката, имаме одредени проблеми и четири играчи од ростерот нема да патуваат заради физички проблеми. Се надевам дека барем еден ќе вратиме во тимот за натпреварите против Татабања, иако и тоа не е сигурно. Сепак, не е време да се жалиме и да кукаме, имаме други ракометари кои имаат свои вредноста, а и јас и клубот веруваме во нив. Дури и ќе се осудам да кажам дека изостанувањето на тие ракометари не би требало да се почувствува. Верувам дека со правилен пристап и мотивација и цврста одбрана ќе ни даде одредена динамика во самиот натпревар“, изјави Бабиќ.
Мечот е закажан за утре од 20 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА