Хонда останува во Мото ГП шампионатот, потврдено е со новиот петтогодишен договор меѓу Хонда и Дорна. Договорот двете страни го потпишале за период од 2022 до 2026 година. Хонда своето патување во светот на мотоциклизмот го почна далечната 1954 година.
Оттогаш Хонда ја имаат возено преку 100 возачи кои забележале повеќе од 800 победи во сите категории, а само во кралската класа има преку 850 подиуми и 25 титули.
„Пред се би сакал да изразам почитување и благодарност кон Кармело Еспелета и сите луѓе во Дорна за целиот напор кој го вложија да се возат трки и во текот на пандемијата од коронавирусот. Многу сум задоволен што го обновивме договорот за соработка. Ние во Хонда веруваме дека Мото ГП е од витално значење за мотоциклизамот. Ќе продолжиме да сонуваме“, изјави Нориаки Абе, дирекоторот на мотоциклистичките операции во Хонда.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА