„Романтичарите“ го промовираа Ристески: Среќен сум што потпишав со клуб како Работнички

Дефанзивецот Никола Ристески денеска и официјално промовиран во дресот на Работнички.

24-годишниот Ристески доаѓа од редовите на Борец, потпишувајќи двегодишен договор со „романтичарите“.

„Среќен сум што постигнав договор со Работнички, клуб со голема традиција и шампионско педигре во Македонија и надвор од нашите граници. Се надевам дека ќе дадам полн придонес во обидот тимот да ја оствари зацртаната цел во пролетниот дел од сезоната и понатамошните предизвици. Познавам голем дел од соиграчите и мислам дека брзо и успешно ќе се вклопам во новата средина“ истакна Никола Ристески по промоцијата.

Ристески претходно во кариерата има настапувано и за Македонија ЃП, Кит Го, Еуромилк и за Кожуф.

Се вчитува...