Ајакс нема по добро да ја помни оваа седмица откако прво клубот „киксна“ со непријавувањето на најголемото засилување за сезоната, Себастијан Халер за настапите во Лига Европа, а утрово голманот Андре Онана беше суспендиран на една година за користење на допинг.
По целата ситуација се огласи и самиот клуб, а во изјавата за медиумите претседателот на Ајакс, легендарниот Едвин ван дер Сар кој застана во одбрана на својот играч.
„Зборуваме за процес на слабеење кој помага за контролирање на водата по бременост. Тој по грешка земал апче на сопругата бидејќи имињата се слични, и тоа е грешката која ја направил утрото. И УЕФА верува дека Андре ненамерно ја искористил таблетата, па и нам ни е чудно зошто казната е толку голема, не се сложуваме со истата. Заедно со Андре ќе одиме и чекор понатаму“ – изјави поранешниот голман.
‘We absolutely do not agree with it being so harsh.’@VdSar1970 about @AndreyOnana’s suspension of 12 months.
— AFC Ajax (@AFCAjax) February 5, 2021
По целата ситуација се огласи и самиот Онана…
„Сето ова е резултат на човечка грешка, едноставна човечка грешка при која измешав медикамент кој содржи забранета супстанца од ВАДА, со обичен аспирин. Споменатите апчиња и беа препишани на мојата сопруга, а јас по грешка ги измешав пакувањата кои се навистина слични. Жалам многу за тоа што се случи, ја почитувам одлуката на УЕФА, но ја сметам за претерана и неиздржана кога беше докажано дека станува збор за ненамерна грешка од моја страна. Цел свет знае дека водам здрав живот и комплетно сум против допингот. Немам потреба од допинг за да ја стимулирам мојата кариера. Ќе ја обжалам одлуката на УЕФА во Судот за спортска арбитража во Лозана за да ја докажам мојата невиност и да го исчистам моето име. Сакам да му се заблагодарам на Ајакс за поддршката, а исто така и на селекцијата на Камерун“ – стои во објавата на Онана.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА