Филип Дурански се враќа во Силекс

Искусниот македонски фудбалер, Филип Дурански е пред враќање во Силекс, дознава ЕКИПА.МК. Дурански е во Кратово каде се очекува само уште да стави потпис на договор со кој ќе се врати во клубот од кој беше дел во два наврати.

Дурански дел од кратовскиот тим беше во 2016 и 2020 година, а последниот ангажман го имаше во словачкиот Серед. Тој во Македонија покрај за Силекс има играно и за Работнички, Скопје и Хоризон Турново, а кариерата ја почна во Чешка каде настапуваше за Славија Прага и Млада Болеслав.

Се вчитува...