Роналдо скромно го прослави роденденот, но вакви моменти не се купуваат со пари!

Кристијано Роналдо го прослави роденденот со својата вереница Георгина Родригез, уживајќи во снегот на планините во Торино. Ѕвездата на Јувентус имаше извонредни роденденски прослави во минатото, но поради сè што се случува во светот, прославата сега беше малку поинкава.

Сепак, судејќи според фотографиите, Роналдо е многу среќен со скромната прослава, зошто ваквите моменти не можат да се купат со никакви пари.

Роналдо упати благодарност за добиените честитки од целата јавност, па своите фанови ги почести со видеа и фотографии од семејната роденденска прослава.

Се вчитува...