Рутинска победа на Баерн – „Баварците“ го освоија Берлин

Баерн Минхен ја победи Херта на гостински терен со резултат од 0-1. Натпреварот започна со изедначена игра и на двете страни, а првото возбудување дојде уште во 12. минута, кога Роберт Левандовски од пенал не успеа да реализира за водство на тимот од Минхен.

На средината од првото полувреме, оваа грешка ја поправи Кингсли Коман, кој во 24. минута успеа да постигне прекрасен гол и да донесе водство на Баерн, резултат кој се покажа и како конечен исход од овој натпревар.

Во вториот дел, играчите на Херта и Баерн понудија убав фудбал со многу шанси, но искусните „баварци“ рутински ја контролираа играта до самиот крај, па овој резултат од 0-1 го сочуваа до последниот свиреж на главниот судија.

Во овој натпревар од 20. коло на Бундес лигата, Баерн ја потврди лидерската позиција и ја зголеми предноста на плус 13 поени во однос на второпласираниот Лајпциг.

Се вчитува...