Голема победа за „нероаѕурите“ – Интер е новиот лидер во Серија А

Играчите на Интер ја оправдаа фаворитската улога против Фиорентина, па со резултат од 0:2, обезбедија голема победа за плус три поени и искачување на првото место во Серија А.

Николо Барела го отвори натпреварот во првото полувреме, постигнувајќи гол во 31. минута. Играчите од Милано покажаа голема одлучност и мотивираност, па овој резултат го сочуваа по првите 45. минути игра и најавија возбудлив натпревар.

По 12. одиграни минути во вториот дел, „нероаѕурите“ ја зголемија предноста на 2:0, а стрелец на голот беше Иван Перешиќ. Играчите на Интер доминираа во целиот натпревар и демонстрираа надмоќ и сила, а со ваквата прикажана игра се наградија со нови три поени и освојување на челната позиција во Италија.

Милан сега е на второто место, има еден натпревар помалку и еден поен негатива.

Се вчитува...