Бостон ги реши клиперси, Бруклин се „лизна“ дома

Бостон на гостински терен го совлада тимот на ЛА Клиперс со 115-119 во најинтересниот натпревар од синоќешната програма во НБА-лигата. Екипата на Бостон настапи без повредениот Џејлен Браун, но дури и во отсуство на овој одличен кошаркар успеа да триумфира против клиперси, за кои ова беше втор пораз на последните три натпревари. Тејтум беше клучна фигура во таборот на Бостон постигнувајќи 34 поени, додека кај ЛА Клиперс најефикасен беше Ленард со 28 поени и 11 скокови.

Бруклин неочекувано загуби на домашен терен со 117-123. Кевин Дурант го почна натпреварот, но кон средината од третата четвртина се упати кон соблекувалната без очигледна причина (повреда) и не се врати на теренот до крајот на мечот, по што се шпекулира дека асот на Бруклин е позитивен на Covid-19. Сиакам со 33 поени и 11 скокови и Лаури со 30 поени беа најефикасни во победничкиот тим, додека Харден постигна скромни 17 поени и 12 асистенции.

Орландо го совлада Чикаго со 123-119, дуел на кој брилијантен беше Никола Вучевиќ постигнувајќи рекордни во кариерата 43 поени и 19 скокови.

Резултати НБА:

Индијана – Њу Орлеанс 113-114, Орландо – Чикаго 123-119, Бруклин – Торонто 117-123, Кливленд – Милвоки 105-123, Шарлот – Јута 121-138, Мајами – Вашингтон 122-95, Оклахома – Минесота 103-106, Феникс – Детроит 109-92, ЛА Клиперс – Бостон 115-119.

Се вчитува...