Алесандро Корвези, поранешната голема фудбалска надеж на Лацио денеска е уапсен во Рим, откако италијанската полиција по спроведена акција во неговиот дом пронашла 26 кила кокаин, кој се проценува на околку пет милиони евра. Италијанските медиуми претпоставуваат дека 32-годишникот има клучна улога на „црниот“ пазар во главниот град на Италија, со оглед на тоа што во неговата вила имало осум пакети спремни за транспорт.
Италијанецот во минатото важеше за голема надеж на италијанскиот фудбал, беше еден од најталентираните млади играчи на Лацио кој започнал и да тренира со сениорскиот тим, а Корвези со 21-година беше пријавен и на „Б“ листата за настапи во Лигата на Шампиони. Неговата кариера никогаш не го достигна потенцијалот, а по позајмицата во редовите на Прато, Корвези се пресели во третата лига каде заигра за Павија, а по неколку годишното „шетање“ во италијанските третолигаши, потпиша за аматерскиот состав на Кампус, каде ја започна и својата тренерска кариера.
Она што ја привлекло полицијата за истрага бил неговиот раскошен начин на живот, а по претресот на неговата вила покрај големата количина на кокаин пронајдени се и 200.000 евра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

