Бурно на „езерскиот дуел“: Охрид водеше со Струга ТЛ, стружани не го доиграа натпреварот

Бурно на „езерскиот пријателски“ натпревар во Охрид меѓу второлигашот Охрид и прволигашот Струга ТЛ.

Повеќе од возбудливиот натпревар на стадионот на „Билјанини извори“ не го дочека својот крај откако во финишот стружани се повлекоа од теренот при водство на Охрид од 1-0. Во последните минути од средбата Љупче Трпески од пенал ги доведе охриѓани до предност, но потоа откако истиот фудбалер заработи црвен картон стружани одлучија да не го доиграат натпреварот.

Тензичниот тест дуел го одбележаа претходно и црвените картони на Абдулхади Јахја кај Струга ТЛ) и Роберт Митев кај Охрид. Домашните во второто полувреме не реализираа и удар од белата точка.

Се вчитува...