Пропадна и последната можност македонските клубови да запишат барем една победа на подготовките во Анталија, откако Шкендија на последниот тест дуел загуби од украински Динамо Киев со 0-1.
Шкендија одигра рамноправен натпревар со големиот фаворит, но не успеа да издржи до крај. Стрелец за триумф на Динамо Киев беше Богдан Леднев во 85. минута.
Од вкупно 23 одиграни натпревари на Шкендија, Шкупи, Македонија ЃП, Силекс и Академија Пандев на подготовките во Анталија, македонските клубови запишаа седум ремија и дури 16 порази, и со ‘повеќе од жална’ гол-разлика од 15-48!
ПРИЈАТЕЛСКИ НАТПРЕВАР
ШКЕНДИЈА – ДИНАМО К. (УКР) 0-1 (0-0)
Стрелец: Леднев 85′ (ДК)
ШКЕНДИЈА: Захов, Мурати, Незири, Павиќ, Бејтулаи, Дита, Елези, Алими, Зејнулаи, Дориев, Ибраими
ДИНАМО КИЕВ: Нешчерет, Миколенко, Попов, Забарни, Кедзиора, Сидорчук, Шапаренко, Бујалски, Циганков, Родригез, Беседин
ШКЕНДИЈА (две ремија, два порази, гол-разлика: 3-6)
Шкендија – Зорија (Укр) 1-1
Шкендија – Десна (Укр) 1-3
Шкендија – Кајсар (Укр) 1-1
Шкендија – Динамо Киев (Укр) 0-1
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

